Фондацијата „Бугарска меморија“ со реакција: Г-ѓа Сервини и г-нот Здравковски не се дел од клубот „Иван Михајлов“, никогаш не сме го тврделе спротивното

//

Фондацијата „Бугарска меморија“ на бизнисменот и филантроп д-р Милен Врабевски преку социјалната мрежа Facebook објави соопштение по повод неправедните обвинувања кон Жанета Сервини, директорка на техничкото училиште Ѓорѓи Наумов во Битола и заменик директорот на истото училиште Љупчо Здравковски.

Потсетуваме дека вчера во неколку македонски медиуми се појавија написи во кои се осудува присуството на директорката Сервини и нејзиниот заменик Здравковски, на настан организиран од д-р Милен Врабевски и неговата фондација, кој е познат и како финансиер на бугарските клубови во РС Македонија „Иван Михајлов“ во Битола и „Цар Борис III“ во Охрид.

Ви ја пренесуваме реакцијата на фондациja „Бугарска меморија“ во целост:

„Г-ѓа Сервини и г-дин Здравковски беа во Бугарија на покана на приватното училиште „Цар Симеон Велики“ за планирање на заеднички проекти во рамките на програмата Еразмус+. Потенцираме дека тие двајца НЕ се дел од бугарското здружение „Иван Михајлов“ во градот Битола, никогаш не
биле и никогаш не сме кажале дека тоа е така. Чиста случајност е тоа што нивната посета се совпадна со посетата на студенти од Македонија на покана на д-р Милен Врабевски и фондацијата „Бугарска меморија“. Нагласуваме и дека посетителите студенти немаат врска со техничкото училиште во Битола „Ѓорѓи Наумов“, како што пишува во некои написи.



И покрај тоа, ние најостро го осудуваме политичкиот прогон и медиумските напади врз слободни луѓе, кои го имаат слободниот избор да работат за прекуграничната соработка и во корист на други добри европски практики и тоа да се претставува како нешто лошо и недостоинствено.

Не е тајна дека еден од главните приоритети на фондацијата „Бугарска меморија“ е работата во корист на градењето на братски односи меѓу Бугарија и Северна Република Македонија. Поради оваа причина, многу луѓе од нашиот југозападен сосед доаѓаат кај нас по наша покана, а ние немаме намера да пишуваме објаснувања за секое нивно доаѓање“, стои во реакцијата на фондацијата „Бугарска меморија“.



Претходна статија

Планинари од Северна Македонија и Бугарија ги искачија врвовите Пелистер и Илинден

Следна статија

(Видео) Перев: Главната поента на демонстрацијата во Благоевград е Вапцаров да се претстави како Македонец патриот и поет, а царот Борис и Ванчо Михајлов како соработници на фашистите

Најново од Вести