СИНОТ НА ШЕКИЛ О’НИЛ ЈА ОБЈАВИ ПОРАКАТА КОЈА МУ ЈА ИСПРАТИ КОБИ ПРЕД ТРАГЕДИЈАТА (ФОТО)

Шекил О’Нил во текот на кариерата соработуваше со еден од најдобрите кошаркари во историјата Коби Брајант, а веста за неговата смрт и тоа како го погоди Шекил, но и неговиот син Шериф, кој се огласи на Твитер.

Синот на легендарниот кошаркар откри дека Коби му испратил порака неколку часа пред да почине, па едноставно не може да верува што се случило.

„Буквално ми се јави утрово. Те сакам засекогаш, те сакам“, напиша синот на Шекил.

Извор: Спорт1