|

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА

Бројот на настрадани во земјотресот со јачина од 6,8 степени, што пред три дена ја погоди Турција, се искачи на 39.

Како што соопшти турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Солју, спасувачката акција и натаму трае, а се трага по најмалку уште две лица кои се наоѓале затрупани под рушевините.

Тој додаде дека владата ќе обезбеди финансиска помош за сите луѓе чии домови биле оштетени или целосно разурнати во земјотресот. Според неговите зборови, околу илјада привремени куќи ќе бидат изградени, а некои училишта и џамии веќе се користат како засолништа.

Во земјотресот кој ја погоди провинцијата Елизаг повредени се над 1,600 лица, од кои 86 се хоспитализирани, но за среќа никој не е во критична состојба, соопшти владата.

Досега биле спасени 45 лица кои се наоѓале под рушевините, а властите ги предупредуваат граѓаните да не се враќаат во своите домови поради можно рушење или нови потреси.

Слични Објави