Советот за безбедност на ОН со итна вонредна седница поради руските дронови што навлегоа во воздушниот простор на Полска
Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи вонредна седница поради инцидентот со руските дронови кои навлегоа во воздушниот простор на Полска, соопшти полското министерство за надворешни работи, пренесува БГНЕС.
Седницата е закажана еден ден откако Полска собори неколку дронови и објави дека регистрирала дури 19 нарушувања на својот воздушен простор во рок од 24 часа. Инцидентите предизвикаа зголемена тензија во рамките на НАТО и доведоа до засилено воено присуство долж источната граница на земјата.

