|

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се виновни за депониите кои го трујат Скопје

Скопје и голем дел од Македонија се соочуваат со сериозна еколошка катастрофа поради тоа што четири години ВМРО-ДПМНЕ не презеле ништо за решавање на проблемот со дивите депонии, се вели во соопштението на СДСМ.

„Секојдневно, стотици илјади граѓани се под закана од канцерогени материи затоа што неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ дозволи дивите депонии да станат еколошки бомби. Неспособното ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници се најголемата катастрофа за Скопје. Ветуваа дека сите депонии ќе ги исчистат и ќе најдат решение, а после 4 години нема ништо од тоа. Резултатот е поразителен – задушен град и огромен ризик по здравјето на скопјани,“ стои во соопштението.

СДСМ потсетува дека претседател на ЗЕЛС е Орце Ѓорѓиевски и прашува зошто тој се крие и зошто не излегува да им каже на граѓаните зошто не е решена депонијата Вардариште, зошто не е решена Дрисла и зошто четири години ништо не е направено.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го загушија Скопје и ја трујат Македонија, и токму тие се најголемите виновници за еколошката катастрофа што се случува,“ се додава во соопштението на СДСМ.

Слични Објави