| |

„СИТИ МОЛ“ ЕВАКУИРАН ПОРАДИ ДОЈАВА ЗА БОМБА

Посетителите и сите вработени во трговскиот центар се евакуирани од молот. 

Според вработените во центарот  полицијата ги евакуирала откако добиле дојава за бомба. 

Пред шопинг центарот пристигнуваат полициски возила и пожарна и полицијата се упатува внатре во Сити мол.

Неофицијално, се работи за дојава за подметната бомба, и за пожар кој избувнал на вториот кат.

Слични Објави