СКОПЈАНЕЦ ПРЕГАЗЕН ОД ВОЗ, ПОВРЕДЕНИ УШТЕ 14 ЛИЦА ВО СООБРАЌАЈКИ
Триесет и едногодишен скопјанец починал откако во него синоќа удрил воз додека се движел на пругата пред надвозникот на булевар „Србија“ во Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Во СВР Скопје синоќа во 2 часот било пријавено дека на железничката пруга пред надвозникот на бул.„Србија“, воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје удрил во пешак Н.М.(31) од Скопје, кој што починал на местото на настанот. Смртта ја констатирал лекар.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Сообраќајната полиција санкционирала 18 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, 18 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото за управување со моторно возило, како и двајца возачи под дејство на алкохол. Од сообраќај се исклучени и 13 нерегистрирани возила.
Полицијата издала 33 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 70 возила.
За користење мобилен телефон санкционирани се 17 возачи, а за неносење сигурносен појас 13 возачи.