|

ВРЕМЕНО ЗАТВОРЕНА ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СЛУЖБА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ВО ГОСТИВАР

Епидемиолошката служба и микриобиологија во Гостивар од синоќа се затворени.

Мерката засега е од привремен карактер откако вчера кај еден од вработените беше утврден позитивен тест на КОВИД 19. Сите вработени, околу десетина, се упатени во домашна изолацијa, јавува МИА, пренесува Канал 5.

МИА контактираше со дел од вработените кои потврдија дека во меѓувреме, им се земени брисеви за да се утврди нивниот статус и дали се носители на коронавирусот. Мерките кои треба да се спроведат ќе зависат од исходот на тестирањата и одлуките на здравствените власти.



Слични Објави