| |

ЈАНША ГО ИЗЛАЖА МИЦКОСКИ ЗА ПОМОШТА ИЛИ МИЦКОСКИ ЗАБОРАВИ ДА СПОМНЕ ДЕКА ИСТАТА Е ОД ЕУ ЗА ДА СИ НАПРАВИ РЕКЛАМА

Министерство за одбрана на Република Словенија објави информација дека вчера, со специјален лет е доставена хуманитарна помош за Македонија преку механизамот на ЕУ со цел спречување на пирењето на болеста.

„Со тоа, Словенија во духот на меѓусебна солидарност се одзва на барањето на Северна Македонија, за хуманитарна помош преку механизмот на Европска Унија во рамки на цивилната заштита со цел спречување на ширење на болеста КОВИД 19“, стои во соопштението објавено на официјалниот сајт на Министерството за одбрана на Словенија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера на социјалната мрежа Facebook објави дека во вторникот зборувал со словенечкиот премиер, Јанез Јанша и дека тој му ветил помош во борбата против корона вирусот, па заслугата за помошта од Словенија си ја препиша себеси.



Слични Објави