| |

ВЛАДИЦИТЕ НА МПЦ-ОА ТИМОТЕЈ, АГАТАНГЕЛ И ПАРТЕНИЈ СО НАЈГОЛЕМА ДОВЕРБА МЕЃУ ВЕРНИЦИТЕ

На прашањето „Кој од владиците на МПЦ-ОА најмногу го почитувате“?, испитаниците во анкетата Религија.мк, ИПИС и Фонадацијата Коднрад Аденауер од ноември 2020 година требало да се изјаснат без притоа да им бидат прочитани имињата на Владиците, а имале право на два одговора.

На прв одговор најмногу го потенцирале Дебарско-Кичевскиоит Митрополит г.Тимотеј со 9,6%, па Повардарскиот Митрополит г. Агатангел со 8,3% и на трето место епископот Антаниски г. Партениј со 7.4%. На вториот одговор, најмногу од испитаниците го споманел владиката Агатангел – 6,1%, па владиката Тимотеј – 5,9%, па владиката Партениј – 4,7%.

Кумулативно кога ќе се соберат резултатите, верниците најмногу почит искажуваат кон Владиката г.Тимотеј со рејтинг од 15.5%, потоа е Владиката г.Агатангел со 14.4%, Владиката г.Партениј со 12.1% Владиката г.Петар ужива доверба од 10.6%, Владиката г.Пимен 9.5%, Владиката г.Наум 7.3%, Владиката г.Јосиф (Тетовски) 7%, Владиката г.Методиј 4%, Владиката г.Иларион 3.7%, Владиката г.Климент 3% и владиката г.Григориј 1.5%. Кога ќе се погледне профилот на испитаници, тој покажува дека најголем процент од оние кои ја искажале довербата кон Владиката г.Тимотеј се лица на возраст над 60 години и оние од 50 до 60 години. Владиката г. Партениј пак е оној владика кој најмногу доверба ужива кај помладата генерација, оние кои се на возраст од 30 до 50 години.



Слични Објави