СПАСОВСКИ: ОДГОВОРНОСТ ТРЕБА ДА ПРЕЗЕМЕ ОНОЈ КОЈ ЈА ЧУВСТВУВА, ДАЛИ НАПРАВИЛ ИЛИ НЕ НАПРАВИЛ НЕШТО

Во рамки на прес конференцијата која ја оддржа, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одговори на новинарско прашање, зошто никој досега не поднел оставка, односно морална или политичка одговорност поради бегството на Мијалков.

loading...

„Во однос на личната одговорност, јас сметам дека треба да се поднесе одговорност за сопствено преземените чекори. Сега е моментот да го најдеме бегалецот и да го изведеме пред правдата. Кога ќе се докаже кој е одговорен, не само морална, мора да има и кривична одговорност, затоа што треба да се менува функционирањето на системот“, истакна Спасовски.


loading...