КОЈ Е НАЈХИГИЕНСКИОТ НАЧИН ДА ГИ ИСУШИТЕ РАЦЕТЕ?

/

Во услови на се порастечката пандемија на коронавирусот, сите сфативме колку е важно да ги миеме рацете често и да го правиме тоа на правилниот начин а не како порано. Треба да ги миеме рацете со антибактериски сапун и топла вода, да ги триеме сите површини на рацете најмалку 20 секунди за да ги убиеме вирусите и бактериите на кожата. Сепак, забораваме дека сушењето на рацете не е помалку важно од самото миење.

Оставањето вода на кожата и чекањето природно да испари може да даде чувство на лажна чистина, но всушност, оваа навика создава услови бактериите да се размножуваат, да се залепат вируси на капките од вода на рацете и на крајот сето тоа може да доведе до инфекција. Ова не се однесува само на коронавирусот, туку и за сите други познати вируси.

По миењето на рацете, неопходно е да ги исушите правилно, со цел да се минимизира ризикот од пренесување на вирусни честички преку капките вода на кожата на лицето. Ова го препорачуваат лекарите од Здравствениот дом „Свети Јован“ во Провиденс, Санта Моника, Калифорнија. Според нив, бактериите многу лесно се пренесуваат преку капките вода на кожата на лицето, дури и откако водата испарила.

Трите најчести начини да ги исушите рацете се со фен, со крпа или со хартија за еднократна употреба.

Истражувањата од клиниката Мајо покажуваат дека најдобриот и најбезбеден начин да ги заштитите вашите раце од зарази е да ги избришете добро со хартија за една употреба, која нема да ја користите по втор пат.



Крпите ја задржуваат влагата, што исто така претставува зголемен ризик од репродукција на вируси и бактерии и повторна инфекција од нив по последователна употреба.

Употребата на фен исто така не се препорачува бидејќи можат да останат капки од вода кои можат да предизвикаат повторување за заразата. Покрај тоа, протокот на воздух на фенот е многу силен, предизвикувајќи потенцијални загадени капки од вода да се рашират околу предметите што секој може да ги допре и да се зарази.

Затоа, најбезбедно и најхигиенско сушење на рацете е со хартија за еднократна употреба.

Претходна статија

ГАЛЕРИЈА: СВЕТОТ ТОНЕ ВО САМОТИЈА

Следна статија

ОДГОВОР НА НАЈЧЕСТОТО ПРАШАЊЕ: ДАЛИ КОРОНАВИРУСОТ МОЖЕ ДА СЕ ШИРИ ПРЕКУ ДИШЕЊЕ ИЛИ ЗБОРУВАЊЕ?

Најново од Магазин