„СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ“ ПРЕЗАКАЖАН ЗА ВО СЕПТЕМВРИ

„Скопје филм фестивал“ денеска соопшти дека е променет терминот на одржување, односно 23-тото издание на овој фестивал наместо во април, годинава ќе се одржи од 9 до 17 септември.

Ова одложување, како што информираат организаторите, е во согласност со препораките од Министерството за здравство.

Во своето соопштение организаторите најавија дека се одложува и одржувањето на ревијата филмови „Скопје филм класик“, која требаше да започне на 18 март годинава, а која Фестивалот ја организира во соработка со Кинотека на Северна Македонија.



За датумите на одржувањето на ревијата „Скопје филм класик“ јавноста дополнително ќе биде информирана.

Претходна статија

ВО БЕРЛИНСКАТА ОПЕРА „КАРМЕН“ БЕЗ ПУБЛИКА

Следна статија

ФОНДАЦИЈАТА „СЛАВКО ЈАНЕВСКИ“ ЌЕ ГО ОБЈАВИ ДОБИТНИКОТ НА НАГРАДАТА „РОМАН НА ГОДИНАТА“

Најново од Култура