| |

Скопје смог аларм: Надминати се лимитите на ЕУ за аерозагадување

Заедницата на екоактивисти „Скопје смог аларм“ информира дека Скопје и оваа година ги надминува годишните дозволени ЕУ граници за аерозагадување уште во февруари, што е показател дека еколошката и здравствената голгота на скопјани продолжува и во 2018 година.

Во Европската Унија, дозволената граница за концентрации на ПМ10 честички во просек во 24 часа е 50 милиграми на еден кубен метар. Во ЕУ, дозволениот број на надминувања на лимитите за ПМ10 честички е 35 денови во една календарска година. На 21 февруари годинава, велат од „Скопје смог аларм“, овие лимити се надминати на сите мерни станици во Скопје, освен Миладиновци, општина Илинден.



Слични Објави