Следната недела Македонски документи ќе ги објави барањата за бугарска пензија на дедовците на претседателот на Црвена младина Марио Јаневски
Тимот на фејсбук страницата Македонски документи најави дека следната недела ќе објави документи за пензиите што ги добивале претците на Марио Јаневски претседател на младинскиот огранок на партијата Левица- Црвена Младина.
Како што самиот Јаневски изјави на еден од протестите пред Собранието на РС Македонија, тој е внук на Нанчо Настев Јанев и Магден Крстев Стојков селото Базерник, демирхисарско. Двајцата дедовци на претседателот на Црвената младина Јаневски во 1943 година аплицирале и добиле бугарски народни пензии, како учесници во Македоно-одринското ополчение во склоп на бугарската армија.
Од Македонски документи велат дека според сведоштво на самиот Нанчо Настев Јанев „српските власти го презирале затоа што бил Бугарин“ и додава дека „заедно со неговата сопруга Доста бил прогонуван заради своето бугарско национално чувство“.

