СЛОВЕНЕЦ ВО НЕМОЌ ТРГНА ДА СЕ ПРЕСМЕТА СО АТАНАСИЈЕВИЌ (ВИДЕО)

Српските одбојкари успеаа да слават против Словенија во финалето на Европското првенство. Тие беа подобри во секој дел од играта, па тоа предизвика нервоза пред финишот, кога веќе беше јасно кој ќе го освои златниот медал.

Необична сцена се случи во четвртиот сет кога за малку не се случи физичка пресметка меѓу Александар Атанасијевиќ и Клемен Чебуљ.

Чебуљ во налет речиси помина низ мрежата во намера да се „објасни“ со српскиот одбојкар. Лут беше словенечкиот одбојкар, но не му остана ниту должен Атанасијевиќ, па двајцата добија жолти картони.

Видеото можете да го погледнете тука.

Извор: Спорт1