| |

Словенија му додели Медал за заслуги на бугарскиот филолог проф. д-р Људмил Димитров

По повод Денот на независноста и единството, на свечена церемонија во Брдо кај Крањ, претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, ги додели највисоките државни одликувања за исклучителни заслуги за благосостојбата на земјата. Меѓу 25-те одликувани е и проф. д-р Људмил Димитров, соопшти Амбасадата на Бугарија во Љубљана, јавува БТА.

Проф. Димитров беше одликуван со Медал за заслуги – највисокото признание што Словенија го доделува на странски државјани – за неговиот значаен придонес во унапредувањето на словенечко-бугарските културни, научни и пријателски врски. Во образложението се наведува дека преку повеќе од 300 научни и стручни трудови, бројни монографии, антологии и преводи на клучни дела од словенечката литература, драма и поезија, тој ја доближил словенечката култура до бугарската публика.

Од Амбасадата истакнуваат дека со ова признание Словенија му изразува благодарност за неговата долгогодишна и успешна работа на полето на билатералните културни и научни односи. Посочено е и дека од оваа година проф. Димитров по третпат работи како предавач по бугарски јазик на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана.

На церемонијата присуствувале и амбасадорите на Словенија во Бугарија, Наташа Бергел, и на Бугарија во Словенија, Красимир Божанов. Проф. Димитров ја потврди веста за добиеното одликување и преку објава на социјалните мрежи, изразувајќи благодарност до словенечките институции и колеги кои ја поддржале иницијативата.

Слични Објави