| |

Снимката во случајот „Поткуп“ против Заев ќе биде пуштена во судница

Во кривичниот суд денеска ќе биде пуштена снимката во која Заев наводно договара поткуп, а која е доказ против него. Денеска треба да сведочи и бизнисменот Сачевалиев, кој не се појавуваше на досегашните судски рочишта за предметот. Судот го прифати брањето на Зоран Заев и на неговите адвокати, снимките за „Поткуп“, обезбедени како посебни истражни мерки да бидат прикажани јавно. Заев рече дека побарал јавноста да биде присутна поради фактот дека е премиер и претседател на најголемата политичка партија, со цел да поврати дел од загубената чест и углед во јавноста што му биле нарушени со нивното делумно објавување.

Заев тврди дека снимките што се објавени на интернет се со најмалку два прекина за да се дискредитира неговиот интегритет и углед. Неговиот адвокат, Филип Медарски, посочи дека снимките биле објавени за политичка егзекуција на Заев во јавноста.

Обвинителката Валентина Бислимовска од Обвинителството за организиран криминал и корупција се изјасни дека е против ваквиот предлог бидејќи, иако се декласифицирани, тие може да се користат под строго определени услови во судска постапка.



Слични Објави