|

Со 300 милиони евра наместо за пенали и аванс Владата можеше да се купи Трикафта за сите пациенти за следните 10 години, тврди Стоилковски

„300 милиони евра, толку Владата мора да исплати како аванс и како пенали само за март и април, според договорот за непочнати автопати. Со 300 милиони евра државата може целосно да купи терапија „трикафта’ за сите пациенти со цистична фиброза, и тоа непречено, непрекинато за рок од следните 10 години“, рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој посочи дека „ако неполни 300.000 долари е годишно за еден болен, а во Македонија има околу 130 пациенти со цистична фиброза, значи само со парите, обврски по договорот од март до мај, за незапочната градба и без проект, со 300-те милиони евра аванс и пенали, 10 години би се обезбедил лек за животозагрозувачка болест за 130 лица“.

„Ковачевски и неговиот шеф Груби треба убаво да пресметаат колку животи ставаат во опасност, но и колку доживотни робии има во овој грабеж и штета од стотици милиони евра“, додава Стоилковски.

Слични Објави