СО ОНЛАЈН КОНГРЕС СДСМ ДЕНЕС ЌЕ ОДБЕРЕ РАКОВОДЕН ТИМ НА ПАРТИЈАТА
Денес (недела 16.05.2021) со почеток во 13:00 часот, СДСМ ќе го одржи 26. Конгрес.
Дигиталниот Конгрес на СДСМ ќе се одржи преку електорнска платформа Зум (ZOOM), заради заштита на здравјето на граѓаните, делегатите, медиумските работници и со целосно почитување на мерките и препораките за зашитита од Ковид 19.
Конгресот ќе го отвори ќе го води претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Во моментов, заменик-претседател на Социјалдемократскиот сојуз е Радмила Шекеринска, генерален секретар на СДСМ е Љупчо Николовски, а потпретседатели Мила Царовска, Оливер Спасовски, Коста Петров и Мухамед Зеќири.
Вчера, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев не сакаше да говори за тоа кој би се нашол во новото раководство. Партијата, рече тој, е отворена за нови луѓе.
„Не би можел ништо да кажам заради тоа што нема оформено предлози, односно секој може да има свои идеи во главата, почнувајќи од мене како прв меѓу еднаквите во СДСМ, и овластен предлагач согласно статусот на Социјал-демократскиот сојуз, но сето тоа е безвредно ако органите и телата како овластени предлагачи не го предложат пред самиот конгрес,“ изјави Заев.
Според информации од партијата, право на глас на денешниот конгрес имаат 890 делегати. Освен 120 членови на ЦО, тие треба да изберат и девет членови во новиот состав на партискиот Надзорен одбор.

