СО ТОКСОПЛАЗМА ДО ВРВНИ ДЕЛОВНИ УСПЕСИ

//

Научниците откриле дека изложеноста на паразитот Toxoplasma gondii ја зголемува веројатноста луицето да се занимава со претприемништво, какои многу други збунувачки несакани ефекти.

Toxoplasma gondii е едноклеточен паразит кој најчесто се наоѓа во фекалните материи и со години ги збунува истражувачите. Инфекцијата е причина за голем број чудни несакани ефекти кај луѓето и другите топлокрвни животни, како и поголема веројатност да студираат претприемнишво и да развијат некое ментално заболување.

Студијата објавена во „Зборникот на Кралското друштво“ од 2018 година, ја истакна поврзаноста помеѓу изложеноста на Toxoplasma gondii и претприемничкото однесување. Во студијата, научниците откриле дека луѓето заразени со паразитот имаат поголема веројатност да бидат успешни во бизнисот отколку неинфицираните луѓе.

Испитувајќи брисово од плунка од речиси 1.500 студенти, истражувачите откриле дека оние со Toxoplasma gondii имале 1,4 пати поголема веројатност да бидат успешни во бизнисот и 1,7 пати поголема веројатност тоа да биде во секторот „менаџмент и претприемништво”. Исто така, во студијата се анализирани брисеви од 200 професионалци што присуствувале на бизнис настани при што е утврдено дека оние кои биле изложени на паразитот имале 1,8 пати поголеми шанси да започнат сопствен бизнис во споредба со неинфицираните присутни.

Паразитот Toxoplasma gondii кај глодарите предизвикува бестрашност пред мирисот на урината на мачката урината. Овој несакан ефект е од корист на паразитот, бидејќи мачките ги јадат глупавите глувци, и за возврат се одржува животниот циклус на паразитот. Истражуважето претпоставува дека паразитот има сличен ефект врз луѓето, намалувајќи го стравот на човекот од неуспех.

Постара студија дошла до слични наоди кај глодари инфицирани од паразитот којатврди дека глувците дури и почнале „сексуално да се возбудуваат” од мирисот на урината на мачката, наместо да бегаат.

И покрај напредокот што го постигна студијата, научниците признаваат дека нивното истражување за оваа тема е далеку од завршено.



Луѓето можат да се заразат со Toxoplasma gondii на неколку начини: јадење недоволно ваерно или печено месо од животни во кое има цисти од овој паразит, пиење загадена вода, трансфузија на крв или трансплантација на органи или трансплацентно од мајка до фетус.

Несаканите ефекти од инфекцијата со Toxoplasma gondii, или токсоплазмоза, не сопираат со пјавата на импулсивност или бестрашност. И кај глувците и кај луѓето, паразитот може да предизвика голем број други несакани ефекти што можат да бидат и смртоносни и тоа: нарушувања на расположението како биполарно растројство, шизофренија, обиди за самоубиство, разлики во аспектите на личноста и послаби неврокогнитивни перформанси.

Toxoplasma gondii е една од најчестите паразитски инфекции кај луѓето и другите топлокрвни животни и се среќава насекаде низ светот. Се проценува дека речиси една третина од населението на планетава е носител, но специфичниот процент на изложеност за одредени популации варира од земјата до земја. На пример, се смета дека во САД и Обединетото Кралство заразено е 16-40% од населението, додека во Централна и Јужна Америка и континентална Европа стапката на инфекции е повисока од 50-80%.

Токсоплазмозата се смета за запоставена паразитарна инфекција. Во моментов не постојат лекови за лекување на симптомите на Toxoplasma gondii.



Претходна статија

ТИМ АВСТРАЛИСКИ НАУЧНИЦИ ГИ ОТКРИ НАЈСТАРИТЕ БОИ НА ПЛАНЕТАТА

Следна статија

ДЕНЕС ПОПЛАДНЕ СЕ ОЧЕКУВА ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ

Најново од Магазин