Собирот на народното творештво „Пирин пее“ ќе се одржи во 2027 година
Регионалниот собир на народното творештво „Пирин пее“ ќе се одржи на 31 јули и 1 август 2027 година, кога ќе бидат одбележани 65 години од неговото прво издание во 1962 година, јавува Пиринско.
Одлуката за XVII издание да се организира во јубилејната година е донесена по усогласување со членовите на Организацискиот комитет.
„Пирин пее“ е една од најмасовните културни манифестации во Пиринскиот регион во Бугарија и собира фолклорни состави и изведувачи од сите општини во Благоевградска област, како и бројни културни работници, истражувачи и љубители на бугарското народно творештво.
Обласната администрација во Благоевград и Организацискиот комитет ќе го искористат периодот до 2027 година за подготовка на јубилејното издание.

