Софиски „Труд“: Сопругата на македонскиот премиер Ковачевски е Бугарка

//

Вечерва софискиот весник “Труд“ излезе со сензационална објава, дека сопругата на македонскиот премиер Димитар Ковечевски е етничка Бугарка од Босилеград, доселена во Куманово.

Во “Труд“ исто така се објавува и документ кој говори за таткото и дедото на сопругата на премиерот, Елена Ковачевска. Тоа се Митко Станојковски и Станојко Станојковски кои се етнички Бугари со соодветни акти, а врз основа на тие акти, Елена Ковачевска пред бугарските надлежни органи го докажува своето потекло.

Во опширниот напис се говори за Босилеградскиот крај, поточно за Западните покраини, денес во составот на Србија, територија која е составен дел на српската држава, населена со Бугари, кои своите национални права ги добиле дури по 1944 година, за време на Титовата Југославија. Некога Бугарите во Босилеградско биле оклу 60.000, но заради притисоците на власта во Србија и принудната асимилација, некои се претопиле, а некои се иселиле во Македонија, најмногу во Кумановско.



Писателот Богослав Јанев има напишано и издадено книга “Босилеградчани во Македонија“ во која тврди дека кај нас има околу 30.000 души Бугари преселени од Босилеградско.

Во написот се потенцира дека, ако Елена Ковачевска, сама се декларирала како Бугарка, а тоа нешто се држи во тајност, тогаш што треба да очекуваат другите Македонци кои се декларирале како Бугари. Бугарското етничко самосознание не треба да се прикрива или да се прогонува, тоа треба да се развива и да биде мост на идната соработка, заклучува “Труд“ во написот.



Претходна статија

Радев-Макрон: Бугарија очекува правно обврзувачки гаранции, кои ќе бидат вклучени во преговарачката рамка за Република Северна Македонија

Следна статија

Ковачев: Македонските политичари треба да покажат храброст

Најново од Вести