|

Собранието го донесе законот за канцеларија за поврат на имот

Собранието го донесе законот за канцеларија за поврат на имот.

Со новиот закон, чиј предлагач е Министерството за правда, АРО-канцеларијата ќе има надлежност да презема активности за добивање информации и податоци за пронаоѓање и идентификување приноси и друг имот или имотна корист во земјата или странство во врска со домашен државјанин или резидент во Република Северна Македонија, лице без државјанство или странец, како и за потребите на постапката за конфискација, без утврдување кривична одговорност регулирана во согласност со законот, што произлегле или се во врска со кривичните дела опфатени со член 6 од овој закон.

Со неговото донесување и функционирањето на канцеларијата за поврат на имот во согласност со меѓународните стандарди ќе се преземат значајни активности за добивање информации и податоци за пронаоѓање и идентификување приноси и друг имот или имотна корист во земјата или странство.

Со законот се уредуваат основањето, надлежностите, организациската структура и финансирањето на канцеларијата за поврат на имот, соработката со домашни органи и институции, соработката со странски држави и електронската интегрирана база на податоци.



Слични Објави