|

Собранието не ги усвои измените на Изборниот законик за потписите на независните кандидати

Собранието денеска, на 66. седница, не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да се утврди колкав процент потписи од вкупниот број избирачи во изборната единица (ИЕ) треба да соберат независните кандидати за учество на локалните избори.

Иако мнозинството пратеници ги поддржаа предлог-измените, тие не беа изгласани поради потребата да се гласа и по Бадентер, бидејќи се однесуваат на локалните избори. „За“ гласаа 11, а „против“ 18 пратеници од помалите етнички заедници.

Претходно, измените беа ставени на дневен ред по скратена постапка и разгледани од матичната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и од Законодавно-правната комисија. Собраниската комисија ги проследи на натамошна постапка, прифаќајќи го амандманот на Левица – „кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, да биде потребно да се соберат најмалку 0,5 проценти потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ)“, наместо првично предложените 0,95 проценти.



Слични Објави