Собраниската зграда во Софија ќе биде осветлена во боите на бугарското и украинското знаме
Историската зграда на бугарскиот парламент денес, во 19.00 часот, ќе биде осветлена во боите на бугарското и украинското знаме. Повод е четвртата годишнина од почетокот на војната во Украина, соопшти прес-центарот на бугарскиот парламент.
Со овој чин бугарската законодавна институција ја изразува својата солидарност и поддршка за Киев, кој ја брани својата независност и суверенитет.
