| |

ЗОРАН ЗАЕВ: МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА БИДЕ ГОРДА НА ОВОЈ ДОГОВОР, НА ТЕМЕЛИТЕ ОД МИНАТОТО – ГРАДИМЕ ИДНИНА

Премиерот Зоран Заев на својата facebook страна напиша:
Заеднички со Грција создаваме регионална заедница, семејство фокусирано на луѓето, на граѓаните. Нашите држави имаат обврска да застанат позади еднаквоста меѓу нациите, човечкото достоинство и солидарноста.

Со договорот што го потпишавме, имаме историска можност да ја засилиме соработката за да изградиме посилни економски врски и заедно да постигнеме повисок раст и развој. Имаме обврска да ги олесниме трговијата, инвестициите, протокот на луѓе и технолошкиот напредок. Македонија може да биде горда на овој договор, на темелите од минатото – градиме иднина.



Слични Објави