Софија е домаќин на првиот меѓународен саем „AI EXPO Bulgaria 2026“
Бугарски и странски експерти, претставници на бизнисот, институциите и научната заедница во Софија претставуваат примери за примена на вештачката интелигенција во различни сектори, јавува БНТ.
Бугарската претседателка Илијана Јотова изјави дека Бугарија гради фабрика за вештачка интелигенција „Брејн плус плус“. Проектот, вреден околу 90 милиони евра, ќе обезбеди современа компјутерска инфраструктура за научни истражувања, за бизнисот и за јавниот сектор. „Веќе сме дел од европската стратешка инфраструктура за вештачка интелигенција“, рече Јотова.
Евелина Славкова од агенцијата „Тренд“ претстави резултати од истражување според кое 76 отсто од испитаниците во Бугарија очекуваат вештачката интелигенција значително да им ги промени животот и работата во следните пет години. Промена не очекуваат 11 отсто од испитаниците.
Министерот за иновации и дигитална трансформација Иван Василев најави дека на крајот на годината граѓаните ќе добијат дигитален паричник во кој ќе можат да ги додаваат своите документи и преку мобилен телефон да пристапуваат до државните услуги.
