| |

Софија ќе набави 145 нови возила за јавниот превоз

Советот на Општина Софија усвои одлука за зголемување на капиталот на „Столичен електротранспорт“ ЕАД, со што се обезбедува реализација на договорите за набавка на 145 нови електрични возила, јавува Општина Софија.

Станува збор за 20 нископодни трамваи, 75 тролејбуси и 50 електробуси со инфраструктура за полнење. Вкупната вредност на договорите е 128,8 милиони евра без ДДВ, а капиталот на претпријатието ќе се зголеми за најмногу 41,8 милиони евра за авансни плаќања.

„Со оваа одлука го гарантираме извршувањето на договорите за 145 нови возила и не дозволуваме модернизацијата на транспортот да биде одложена“, изјави заменик-градоначалникот Виктор Чаушев.

Новите возила треба да го подобрат квалитетот, комфорот и сигурноста на јавниот превоз во Софија, како и да овозможат постепено повлекување на најстарите возила од употреба.

Слични Објави