| |

СОЈУЗОТ НА СРЕДНОШКОЛЦИ В ПОНЕДЕЛНИК НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ ОДЛУКАТА ЗА ЦЕЛОСНА ОНЛАЈН-НАСТАВА

Наместо в петок, Сојузот на средношколци ќе излезе на протест против одлуката за целосна онлајн-настава на 31 август. Оттаму информираат дека протестот е презакажан поради верскиот празник Голема Богородица, а рутата останува иста – маршот ќе почне пред пред Министерството за образование и наука и ќе заврши пред Владата.

Сојузот на средношколците бара учебната година да почне со комбинирана настава, а не само онлајн, како и нивна поголема вклученост во подготовките за организација и спроведување на прифатениот модел за да се постигнат најдобри решенија во интерес на учениците и наставниците.

„Ги покануваме наставниците и родителите, кои се залагаат за ваков децентрализиран пристап, наместо едно решение за сите групи, да ни се придружат“, се вели во нивното соопштение.
Минатата недела делегација на Сојузот беше на средба во Владата, на која присуствуваа премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерката Мила Царовска и министрите за образование и за здравство, Арбер Адеми и Венко Филипче, на која, како што беше соопштено од владината прес-служба, претставниците биле запознати во детали со одлуката на Владата за моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на ковид-19 и дека таа е донесена врз основа на стручни анализи и препораки на Комисијата за заразни болести.



Слични Објави