|

Сончево време со мала локална облачност

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени.

И во вторник ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена облачност. Во среда во попладневните часови повторно се очекуваат врнежи од дожд.



Слични Објави