„Сонуваната авантура“, копродукција со бугарско учество, освои две награди на филмскиот фестивал во Чикаго
Филмот „Сонуваната авантура“ на режисерката Валеска Гризебах ја освои Големата награда „Златен Хуго“ на Меѓународниот филмски фестивал во Чикаго, а Јана Радева беше наградена за главна улога, соопшти бугарскиот Национален филмски центар.
Радева ја толкува Веска, археологинка која се враќа во родниот Свиленград за да учествува во археолошки ископувања.
Филмот е копродукција на Германија, Франција, Бугарија, преку „Мирамар филм“, и Австрија. Снимен е целосно во околината на Свиленград, со бугарски непрофесионални актери и голема бугарска екипа зад камерата.
Наградите во Чикаго следуваат по Наградата на жирито во Кан и Големата награда „Златна роза“ во Варна. „Сонуваната авантура“ е и бугарскиот кандидат за „Оскар“ за меѓународен филм, наведува Националниот филмски центар.
„Признанието од Чикаго доаѓа во клучен момент“, се истакнува во соопштението, во кое Центарот им честита на Радева, Гризебах и на целиот филмски тим.
