СООПШТЕНИЕ НА МПЗ „ТВРДОКОРНИ-ДЕСЕН СЕКТОР“

//

Соопштение низ две фотографии:
МПЗ Тврдорни е здружение кое е формирано на 5 Јануари 2017 година, како резултат на објавената Тиранска платформа и уцената што 22 пратеници и 4 политички фактори на Албанците ја направија кон Зоран Заев и Никола Груевски.
Јадрото од бивши Бранители, навивачи и патриоти го направи и грандиозниот марш низ Скопје под мотото-ЗАВЕТ ЗА МАКЕДОНИЈА, од каде беше јавно побарано, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да ја отфрлат платформата јавно, пред да започнат преговорите за формирање на нова влада.
Транспарентот на кој во првиот ред се прешкртани ДПМНЕ и СДСМ создаде нервоза особено кај првоспомената партија, која се уплаши од можноста нивни членови да се приклучат во едно свето и надпартиско движење кое ќе ги штити интересите на Македонија и ништо повеќе.
Уплашен од неможноста, Груевски да ја контролира оваа маса, која има десна идеологија, го натера преку Бетменовци и други платеници, на 28.2 2018, помогнати со огромни финансии, да ја заробат нашата борба со карваните на таканаречената ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.
Колку бевме ние моќни да се бориме против тие платеници, знаат членовите на Тврдокорни кои од својот џеб, со 100…200 или 500 денари, помагаа во правењето знамиња, транспаренти, платна, беџови и маици. Во меѓувреме, битката згасна кога згаснаа и парите, а името Тврдокорни беше извалкано и ставено на потсмев.
МПЗ Тврдокорни-Десен сектор, со внимание ги следи инсинуациите околу НГ Комити и обидот оваа група на ист начин да биде злоупотребена заради пропаднатите кариери на разно разни Бачевци, Угриновци, Тодоровци и Петровци.
МПЗ Тврдокорни-Десен сектор, ја продолжува својата патека, онаму каде што застана и заедно со МПЗ Удар, ќе ги разобличиме овие изроди.
Сега многу посилни и многу пообединети!
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!
#Удар



Претходна статија

САКАМ МОЈАТА ЌЕРКА ДА БИДЕ СИЛНА ЖЕНА!

Следна статија

ЦАРОВСКА: ЗАПОЧНА ПРАКТИЧНАТА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПЕРСОНАЛНА АСИСТЕНЦИЈА ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Најново од Вести