СОПРУГАТА НА ЕРМЕНСКИОТ ПРЕМИЕР ПОДГОТВЕНА ДА ВОЈУВА

Ана Хакобјан, сопругата на ерменскиот премиер Никол Пашинијан, рече дека од денес, заедно со уште 12 други жени, ќе започне воена обука и ќе замине за Нагорно Карабах каде е во тек воен конфликт.

loading...

„Одред од 13 жени, вклучувајќи ме и јас, започнува воена обука. За неколку дена ќе заминеме за да помогнеме во заштитата на нашите граници. Ниту нашата татковина, ниту нашето достоинство нема да му попуштат на непријателот “, напиша таа на својот Фејсбук профил.

Неодамна беше објавено дека синот на премиерот – Ашот Пашинијан заминува на фронтот. Тогаш Хакбајан изјави дека нема поблагороден чин од жртвување живот за татковината, пренесува МИА.



loading...

Пред една недела, ерменскиот премиер Никол Пашинијан ги повлече своите претходни повици за дипломатско решение на конфликтот со Азербејџан околу спорниот регион Нагорно Карабах.
Во видео порака на Фејсбук, тој рече дека „конфликтот Нагорно Карабах нема и нема да има дипломатско решение долго време“ и го обвини Азербејџан за неподготвеност за компромис.