|

Состојбата со пожарот во околината на „Јасен“ останува сериозна

Повеќе денови трае големиот пожар во околината на „Јасен“, при што огнените јазици зафатија значителни површини шума. Во гаснењето се вклучени ер трактори и специјалните единици. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека по ноќната битка со пожарот, не било дозволено огнот да го премине шумскиот пат кон селото Брезница.

„Благодарение на интервенцијата, воспоставена е контрола врз еден од трите краци на пожарот,“ вели директорот на ДСЗ, Стојанче Ангелов.

Ангелов посочи дека во моментов во земјава има активни десетина пожари и дека за голем дел од нив е утврдено дека се подметнати.

„Казните за пироманите мора да бидат поостри,“ велат од „Македонски шуми“. Покрај тоа, тие бараат и построги санкции за дрвокрадците, нагласувајќи: залудно е ако се фатат стотици сторители, кога потоа во судска постапка добиваат само мали парични или условни казни.

Слични Објави