СПАСОВСКИ И ЗАЕВ СЕ ВОЗЕЛЕ ВО ДОНИРАНИ МЕРЦЕДЕСИ ОДЗЕМЕНИ ПРИ КРИМИНАЛНИ СЛУЧАИ

/

Агенцијата за управување со одземен имот има донирано над 600 возила на државни институции во последните три години, за разлика од претходниците кои од 2009 година од формирање на Агенцијата, па сè до 2017 година, за вкупно осум години не донирале ниту 300 возила, објави денеска директорот Фатон Асани.

„Точно е дека премиерот се вози во возилото „Мерцедес“ S класа, одземено од криминален случај и дека Оливер Спасовски е единствен премиер во регионот кој се вози во одземено возило, додека други функционери од државите во регионот такво нешто не ни помислуваат“, објави на својот Фејсбук профил Фатон Асани, директор на Агенција за управување со одземен имот.

Асани нагласува дека и Зоран Заев, додека бил премиер, извесно време се возел во одземено возило, донирано од страна на Агенцијата за управување со одземен имот.





Претходна статија

Д-Р ЈУСУФОСКИ: ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС Е КАКО БЕРЛИНСКИ ЅИД ЗА СИТЕ НАС

Следна статија

МИЦКОСКИ: АКО СДСМ САКА ИЗБОРИ ВО ЈУНИ, НЕКА И Е СО СРЕЌА

Најново од Вести