Фондација „Бугарска памет“ со истражување во Конгресната библиотека на САД: Пред и по Првата светска војна Бугарите го сочинувале мнозинството од населението на Македонија

//

Познатиот бугарски бизнисмен и мецена д-р Милен Врабевски финансирал посета на истражувачки тим на Фондацијата „Бугарска памет“на Конгресната библиотека во САД со основна цел да се помогне на бугарско-македонската историска комисија, јавуваат од Фондација „Бугарска памет“.

Тимот откри и скенира исклучително важни документи кои се однесуваат на периодот пред и по Првата светска војна. Меѓу нив има извештаи за етничката припадност на Балканот во тоа време, а исто така и договорот меѓу Грција и Србија од 1913 година, потпишан во предвечерието на Меѓусојузничката војна, велат од Фондацијата.

За време на посетата биле пронајдени и многу страници документи директно поврзани со историските дискусии поврзани со Македонија. Во документите експлицитно се споменуваат демократските основи на Царство Бугарија и стремежот за развој и еднаквост меѓу цивилизираните земји. Се обрнува внимание на карактеристиките на бугарскиот народ, неговата храброст и волја, придонесот за светската култура и развој и неговото значење за геополитичката стабилност. Во однос на националниот идентитет на Македонците, во сите извештаи било забележано дека „Бугарите го сочинуваат мнозинството од македонското население“.

Необичен факт е дека на крајот на Првата светска војна, претседателот на САД сакал да направи преглед на она што се случува во Европа. Документите пронајдени на оваа тема претставуваат неутрален извор на информации што ја демонстрира желбата на САД и администрацијата на претседателот Вилсон да дојдат до вистината и до позитивните факти и заклучоци на оваа тема.
Документите, кои се исклучително вредни, во моментот се истражуваат и резултатите ќе бидат објавени наскоро, велат од фондацијата на д-р Врабевски.



Претходна статија

Студентите од РС Македонија бесплатно да студираат во Бугарија, предлага бугарскиот министер за образование

Следна статија

Премиерот Ковачевски се сретна со косовскиот амбасадор Ќехаја

Најново од Вести