Премиерот Ковачевски се сретна со косовскиот амбасадор Ќехаја

/

Премиерот Димитар Ковачевски, се сретна со Флоријан Ќехаја, новиот амбасадор на Република Косово во земјава.

На состанокот е констатирано дека Македонија и Косово имаат пријателски и конструктивни билатерални односи, базирани на дијалог и без отворени прашања, соопшти владината прес-служба.

Во соопштението се наведува дека заеднички е оценето дека определеноста и на Македонија и на Косово, кон развој на добрососедските односи е значајно за напредокот на целиот регион.

Во таа насока, како што стои, премиерот Ковачевски го поздрави постигнатиот договор околу документите помеѓу Косово и Србија и соопшти дека нашата држава поддржува натамошен дијалог помеѓу Белград и Приштина со цел нормализирање на односите и со тоа гарантирање на мирот, стабилноста, безбедноста на целиот регион.

На средбата се поздравени напредокот на Македонија во евроинтеграциите и почетокот на преговорите, по членството на НАТО, како и политиките на премиерот Ковачевски и на Владата кон перспективи на граѓаните и на државата.

На состанокот е разговарано за унапредување на соработката меѓу двете држави во процедурите за гранични олеснувања и за други актуелни прашања, како што се состојбите во енергетиката.

Исто така разгледани се можностите околу терминот на одржување на втората меѓувладина седница помеѓу Македонија и Косово во текот на 2022 година, се наведува во соопштението од Владата.

Претходна статија

Фондација „Бугарска памет“ со истражување во Конгресната библиотека на САД: Пред и по Првата светска војна Бугарите го сочинувале мнозинството од населението на Македонија

Следна статија

Тинејџерка од Охрид физички нападната од маж кој пред неколку месеци се обидел да ја злоставува

Најново од Вести