БЕСПЛАТЕН ПРЕДЛОГ ЗА ДОГОВОР СО ОПОЗИЦИЈАТА ВО СОБРАНИЕТО
Херои, војводи и комити од ДПМНЕ зошто уште сте во зградата на Собранието? Уценети сте, излезете надвор и народот ќе дојде да застане со вас. Нели вие сте големите патриоти, народот ќе ве одбрани од нападите и ќе им се спротивстави на уцените. Да не треба случајно да падне некаков договор со власта, кој се мери со солидни суми на пари, на пратеничко прсте што треба да стегне ЗА уставните измени? Тоа меѓудругото е супер опција за прекрасна основа за договор со опозицијата. Предлогот е многу едноставен, кога веќе гледаме дека ДПМНЕвците се расположени за гласање и договор (да не беа, ќе беа надвор од парламентот), Заев треба да се погрижи пред се за нивните меници. Да им понуди суми, што ќе ги покријат самите меници и плус ќе остане убава цифра како бонус за „одговорниот потег“ да се поддржи „евроатлантскиот пат“ на Македонија. Од тоа поедноставно решение… Амин!
Автор: Батко Тане
