Бугарија ја претстави првата интерактивна инвестициона карта
Министерството за иновации и раст на Република Бугарија ја претстави првата интерактивна инвестициона карта на земјата. Целта на новата платформа е да им обезбеди на домашните и странските инвеститори корисни, ажурирани и достапни информации на едно место и да го олесни процесот на донесување инвестициски одлуки, јавува БНР.
На настанот присуствуваше вицепремиерот и министер за иновации и раст Томислав Дончев, кој изјави дека ова е само почеток на поголем процес за модернизација и дигитализација на инвестиционата средина во Бугарија.
„Ова е само почеток. Сè уште има многу работа за да стане инвестициониот процес побрз и поадаптиран. Се обидовме да погледнеме на процесите низ очите на инвеститорот — и ако правилно одлучил дека Бугарија е добра инвестициона дестинација, треба да знае од каде да почне. Не сакаме да им го одземеме бизнисот на консултантите и адвокатите, туку сакаме да го олесниме процесот,“ изјави Дончев.
Тој додаде дека преку новата платформа инвеститорите ќе можат брзо и лесно да пронајдат информации за расположливи терени, инфраструктура, индустриски зони и економски можности во различни региони на земјата.
„Ако Бугарија е твојата инвестициона дестинација, едноставно влегуваш во системот и го бараш најсоодветниот терен. Но во конкуренција со сите наши соседи и пријатели, ние сме должни да бидеме паметни и брзи,“ нагласи министерот.
