(Видео) Викенд маратон на „Коридор 8“ со д-р Андреј Ковачев, Георги Црномаров, маестро Христо Христов и Елисавета Шапкарева
Во еден поспециjaлен викенд (3 и 4 мај) гледачите на македонско-бугарската седенка „Коридор 8“ имаа можност да го проследат разговорот со д-р Андреј Ковачев, пратеник од Бугарија во групата на Европејската народна партија во Европскиот парламент, за Законот за бугарското државјанство и актуелните предизвици поврзани со него.
Дискусијата, посветена на големиот бугарски револуционер Гоце Делчев, ги истакна неговите идеи и дела во неговиот краток, но исклучително значаен живот се случи на 4 мај во редовниот термин на емитување на „Коридор 8“. Во разговорот учествуваа Георги Црномаров од Битола, како и маестро Христов, директен потомок на Гоце Делчев и бугарската поетеса Елисавета Шапкарева, правнука на големиот бугарски преродбеник од Македонија Кузман Шапкарев.
