|

СПАСОВСКИ СО ДЕТАЛИ ЗА УЛОГАТА НА СИЛВИЈА СТОЈАНОВСКА ВО ШВЕРЦОТ НА КОКАИН

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки соопшти детали за големата акција во која беше уапсена актерката Силвија Стојановска и нејзиниот сопруг. Тој кажа дека таа е дел од групата која шверцувала кокаин од Колубија во Шпанија, а лидер и организатор бил сопругот Војислав Будисављевиќ.

Стојановска според МВР на Македонија и Шпанија кои заедно ја работеле акцијата подолг период , за потребите на нејзиниот сопруг резервирала апартман во Шпанија и го платила со своја картичка , но и зела 10 000 евра од непознато лице.

За транспортот на дрогата биле исплатени 850 000 евра. Акцијата ја работеле полициски штабови во Скопје и Мадрид.

С.С. по инструкции на сопругот направила резервација на апартман и го платила со сопствена картичка и отпатувала во Шпанија и подигнала 10 000 евра од НН лице . Во симултана операција лишување од слобода истовремено се уапсени лица во Шпанија и Скопје и било запленето комбе со 700 килограми кокаин, појасни министерот Спасовски.

За сите е поднесена кривична пријава за недозволена трговија со наркотични средства и на сите инволвирани е одредена мерка притвор.

Слични Објави