Спасовски традиционално на академско кафе со студентите од Факултетот за безбедност
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше и се обрати пред студентите и професорите од Факултетот за безбедност во Скопје.
Спасовски во своето обраќање изрази задоволство што веќе традиционално неколку години по ред заедно со професорите и студентите на оваа реномирана институција од областа на безбедноста има можност да разговараат за теми поврзани со безбедноста, криминалот, постојаните реформи во полицијата, при што направи мал осврт на развојот на полицијата во периодот на неговото раководење со Министерството.
„Кога го презедовме раководењето во МВР и затекнавме полиција што ја имаше загубено довербата кај граѓаните, злоупотребувана за репресија, за масовно прислушување наместо да биде гарант на безбедноста, стабилноста, развојот. Веднаш се зафативме со стратешки реформи и на самиот почеток сфативме дека без вградување на науката, научните норми и знаењето за безбедноста, нема да можеме да ги исполниме целите што си ги поставивме“, потенцира Спасовски.
Спасовски образожи дека со Факултетот за безбедност и неговиот академски професионален капацитет и знаење во голем дел биле искористени во реформирањето на Министерството и полицијата во институции какви што се денес. Затоа отворивме широка соработка со Факултетот за безбедност, преку која ги користевме академското и професионално знаење, научните правила и норми во сите чекори што ги презедовме во реформирањето на Министерството и полицијата во институции какви што се денес.
„Со гордост можам да кажам дека Факултетот за безбедност како расадник на знаење, како академија, како практика, е вграден во најголемиот број успеси што ги постигнавме во Министерството до денес“, истакна Спасовски.

