СПОРЕД Д-Р ПАНОВСКИ ОД ПРЕДЛОЖЕНИТЕ МЕРКИ НЕМА ДА ИМА ЕФЕКТ- ПОТРЕБНИ СЕ ПОРИГОРОЗНИ МЕРКИ
Микробиологот проф. д-р. Никола Пановски, вели дека со денешните предложени мерки од Комисијата за заразни болести сè е оставено на свеста на граѓаните и дека гледано од медицински аспект, потребни биле поригорозни мерки во пресрет на новогодишните и божиќните празници, јавува Нова Македонија.
„Овие мерки немаат влијание, потребни беа поригорозни мерки. Од здравствен аспeкт сега сè е оставено на свеста на граѓаните, и од самите нив ќе зависи што ќе се случува за еден месец. Со ваквите мерки, постои можност вирусот побрзо да се шири. Затоа и карантинските мерки сега имаат улога, односно пред да дојдат вакцините, да се спасат што повеќе луѓе. Карантините немаа улога во април, но можат да имаат сега“, вели Пановски.
