| |

СПОРЕД ДУКОВСКИ ЧАВКОВ НЕ СТОРИЛ КРИВИЧНО ДЕЛО ВО НАСТАНИТЕ ОД 27 АПРИЛ

Адвокатот на Митко Чавков, Сашо Дуковски, во завршниот збор на судењето за случувањата на 27 април 2017 година во македонското Собрание, нагласи дека не постои никаква вина, ниту докази дека неговиот клиент го сторил кривичното дело кое, како што рече, било наведено со само една нецела реченица.

Дуковски вели дека „неиздавање наредби за распоредување на дополнителни полициски сили за обезбедување внатре и надвор од Собранието” не е доволно за некој да биде обвинет за вакво кривично.

Според адвокатот на Чавков во ниту еден момент не смее да постои дилема како е сторено кривичното дело, дали со неиспраќање полициски сили или со тоа што Крсто Мукоски ги отворил вратите од Собранието.

Слични Објави