| |

Срамота за историчарите од ИНИ, срамота за македонските печатени и електронски медиуми

Пишува: Ели Секуловска

На 30.01.1951 година, во Битола умира Павел Шатев. Медиумите како и македонските историчари, се‘ уште користат еуфемизми и велат дека Шатев бил во домашен притвор, се разболел, не му дозволувале да се лекува и така умрел!

Често пати сум пишувала на оваа тема. Редно е да се каже вистината.

Павел Шатев беше затворен во оваа куќа во Битола , заедно со целата моја фамилија, освен братот на дедо ми кој беше затворен во една друга куќа и таму ставен во безвоздушна ќелија. И за таа куќа сум пишувала. Овде акцентот ми е дека куќата каде беше затворен Павел Шатев не беше никаков домашен притвор, туку беше истражен затвор. Значи, уште еднаш да повторам, истражен затвор.Тие години, Битола беше претворена во мачилиште. Главен на УДБа беше Нижеполецот кој убил, измачувал и украл многу луѓе од Битола. Луѓето биле толку многу садистички измачувани што навечер, пациентите од болницата која била на оддалеченост од 300-400 метри од главната куќа на УДБа, не можеле да спијат затоа што се слушале болните крици на тие кои биле измачувани. Срамота е да пишувате дека Шатев бил во домашен притвор, кога бил во затвор и убиен од измачување. Јас влегов во ќелијата каде беше затворен Шатев и од каде го извлекувале мртов. Понатаму, со телото не знам што се случувало, велат го нашле во некое буниште во Прилепско.

Куќата во Битола, каде што бил затворен Павел Шатев

Историчарите ги измешале Шатев и тие кои го убија Шатев. Ги слават заедно,како Македонци и херои ! Значи заедно ,Шатев и убијците на Шатев. Ама не кажуваат дека сите ама сите кои беа затворени, се судени и убиени како Бугари. Сите. Од прв до последен. За глупоста да биде поголема,левичарите ги направија Македонци , а десничарите, Бугари.

Вечерва пак, го слушам Иван Стоиљковиќ, во емисијата „Шоуто на Богдан Илиевски“. Стиољковиќ беше главниот организатор на манифестацијата за прославата на српскиот празник Св Сава .

Во емисијата,Стоиљковиќ се оградува од говорот на Додик.

Вели, не очекувал дека Додик ќе изјави такво нешто!

Па зарем Стоиљковиќ не знае какви ставови има Додик и што ќе зборува?

Зарем и Стоиљковиќ, како и Додик, немаат ли заеднички анти-НАТО и анти- ЕУ ставови?

Плус тоа, Стоиљковиќ е втор човек во владата, веднаш после Мицковски!

Тогаш што бара Мицковски во САД да бара помош од Американците, да троши околу 250.000 долари народни пари, а потоа да дојде и да му аплаудира на Додик, кој зборуваше против НАТО и против ЕУ?

Не ми е јасно и зошто американската администрација толку многу ги трпи и им помага?

Ова не личи на ништо.

А на што би личело ?

А народот проголтува се‘.

Па, народ со најниска интелигенција, 81IQ, замислете!

Просекот им изнесува 81IQ. Најнизок во Европа!

Што сакаш можеш да правиш со таквиот народ.!

Еве, ќе објаснам околу просечната интелигенција Над 136 IQ. има само 2 % од светската полулација, и со таквиот скор станувате член на МЕНСА . Доколку се тестираат 10 испитаници, и доколу двајца имаат 160 IQ. , тогаш по пресметката за да добиете средна вредност од 81 IQ., значи дека останатите 8 испитаници, имаат 61,25 IQ.. Или доколку двајца имаат 140 IQ., тогаш останатите испитаници имаат 66.25 IQ..

Под 80 IQ. се третира како блага ретардираност, а што да се каже за оние од 65 IQ. па, макар и да биле со 70 IQ., ама не се.

Што?

Не дај боже да имате 140 IQ., тогаш ќе ве прогласат за ненормален, чуден, неприфатлив…..

Интелигентниот ум чита, истражува. Ама, овде никој не чита.

Градската библиотека во Битола беше една од најснабдените во Македонија. Со добра литература. Денес е претворена во селска библиотека. Ако се земе во превид кој се директорувал, ќе ви стане јасно. Еднаш, во еден разговор со една, не е важно, дали бивша или сега идна директорка на библиотеката, кога ја прашав што чита, ми рече дека омилениот писател е бил замислете- Рембрант! Јас станав и си отидов . Потоа ме нарекуваше чудна, асоцијален тип и што уште не.

Главниот непријател во Северна Македонија е исклучителната глупост и необразованост. Тоа значи дека е многу опасно да се живее овде, затоа што поединецот со интелигенција 65 IQ. може да изреагира непредвидливо и доста агресивно. И никогаш на таквиот човек не можеш да му објаснеш со факти, затоа што тој има патерни во главата и по нив се раководи.Секој разговор понатаму е само залудно трошење на време.

Слични Објави