НИКОЛОВСКИ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА ВЕЌЕ НЕ СМЕ ВО ГРУПАТА НЕПОСЛУШНИ ЗЕМЈИ КОГА СЕ РАБОТИ ЗА КОРУПЦИЈАТА И КРИМИНАЛОТ

//

Македонија има постигнато значителен и суштински напредок во делот на борбата против корупцијата со што повеќе не е во групата на глобално незадоволителни држави, изјави денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Телото на Советот на Европа кое се занимава со мониторинг на антикорупциските стандарди во земјите од ГРЕКО на вчерашната седница нотирал напредок во Македонија во делот на исполнување на препораките од четвртиот круг на евалуација.

Станува збор за 19 препораки за превенција во делот на корупцијата во Парламентот, судството и обвинителството, од кои земјава нема исполнето само две. Целосно се исполнети девет препораки, а делумно осум препораки.



Според Николовски, овој напредок претставува дополнителен стимул и поттик на заложбите на Владата за градење на стандарди и принципи за превенција од корупцијата во сите области.

„Новата Влада е цврсто решена и одлучна да се спротистави на криминалот и корупцијата во сите области. Тоа ќе го постигнеме заедно со сите надлежни институции, експертите, коморите и сите останати чинители во овој дел“, порача Николовски.



Претходна статија

(ВИДЕО) ОВО НЕМА НИ У БЕОГРАДУ, НО ГО ИМА ВО ДУБАИ

Следна статија

ЗАЕВ ПРЕСЕЧЕ: ПОПИС ЌЕ ИМА – ЕТЕ КОГА ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ

Најново од Вести