| |

СРБИЈА: МОМЧЕ ОТИШЛО ДА ФРЛИ ЃУБРЕ, ГО ИЗРЕШЕТАЛЕ ОД ВОЗИЛО ВО ДВИЖЕЊЕ !

Момче на возраст од 24 години, додека излегувало да фрлали ѓубре пред својот дом, на Баново Брдо во Белград е изрешетано од возило во движење со неколку куршуми, по што со тешки повреди е префрлено во болница.

Според српските медиуми Немања П. е погоден во стомакот, колкот и бутниот мускул и се наоѓа на реанимација во Ургентниот центар.

Неговиот живот е загрозен. Припадниците на МВР трагаат по напаѓачот и ја испитуваат причината поради што дошло до вооружениот напад.

Слични Објави