|

Средба Муцунски – О’Брајан во Њујорк: особено значајно е земјата што побргу да стане членка на ЕУ за што имаме безрезервна американска поддршка

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк.

Дискусиите се фокусираа на продлабочување на стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, со посебен акцент на клучните области како што се регионалната безбедност, економскиот развој, доброто владеење и демократијата.

Муцунски ја истакна посветеноста на земјава за забрзан напредок во евроинтегративните процеси и ја истакна важноста од континуираната поддршка на САД за аспирациите на земјата.

“САД се наш значаен стратешки партнер и НАТО сојузник, што во континуитет го помага нашиот демократски развој и севкупен напредок. Во услови на променет геополитички контекст, посветено и заеднички работиме на зачувувањето на регионалната стабилност и безбедност. Во тој контекст, особено значајно е земјава што поскоро да стане членка на Европската унија, за што имаме безрезервна американска поддршка”, истакна Муцунски.

На средбата беше реафирмирана и поддршката за Украина, како и заедничките заложби за зајакнување на сојузништвото во рамки на НАТО Алијансата, што ќе придонесе за понатамошно унапредување на целокупната трансатлантска стабилност.



Слични Објави