СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА АЛТЕРНАТИВА, АФРИМ ГАШИ

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши.

На средбата беше посочена потребата од конструктивен политички дијалог меѓу сите политички чинители во Република Северна Македонија, во функција на реализација на реформската агенда, а со цел напредок на државата во европските и евроатлантските интеграции.

Претседателот Пендаровски укажа дека сите политички субјекти треба да дадат свој придонес во периодот кога Република Северна Македонија очекува одлука за одредување на датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.

Претседателот на Алтернатива, Гаши упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата.